Ekipa
19 Септември 2021•Ажурирај: 20 Септември 2021
РОЛИ (АА) - Во сојузната американска држава Северна Каролина се одржаа протести против задолжителната вакцинација за Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заедно со поддржувачите за отповикување на гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер, околу 150 демонстранти побараа враќање на уставните слободи во Роли.
Во Северна Каролина администрирани се речиси 11 милиони дози од вакцините против Ковид-19.
Сојузната држава пријави 540 нови смртни случаи изминатата недела, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 достигна 15.615.