Aydoğan Kalabalık
18 Февруари 2020•Ажурирај: 19 Февруари 2020
ТРИПОЛИ
Милицијата поврзана со Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источна Либија, изведе ракетен напад врз пристаништето во Триполи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Нападот на пристаништето, лоцирано веднаш до плоштадот „Шехиди“, лоцирано на северот на главниот град Триполи, се слушнал низ целиот град.
Се истакнува дека во пристаништето Триполи, каде што се одбележувала деветгодишнината од Револуцијата, биле фрлени најмалку 10 ракети.

Меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија сѐ уште не даде никаква информација во врска со нападот.
Минатата недела, пет лица го загубија животот во ракетните напади извршени од милицијата поврзана со Хафтар во јужните региони на Триполи.