Emre Gürkan Abay
14 Август 2017•Ажурирај: 15 Август 2017
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакна дека либиската криза треба да се реши во рамките на Обединетите нации (ОН) и оти Русија дава поддршка за иднината на Либија да одлучат либиските политичари, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров во Москва се состана со генералот Халифа Хафтар, кој е поддржан од страна на Претставничкиот дом со седиште во Тобрук.

Лавров во делот на состанокот отворен за медиумите, истакна дека сите напори за решавање на либиската криза треба да се направат во рамките на ОН. „Русија дава поддршка за иднината на Либија да одлучат либиските политичари“, додаде тој.
Рускиот министер Лавров истакна дека го сметаат за позитивен напорот на Хафтар за дијалог со Фаиз Сараџ, претседател на Советот на Владата за национално единство на Либијa.
Од друга страна, Хафтар нагласи дека сакаат да ги унапредат пријателството и соработката со Русија. „Деведесет отсто од Либија ја прочистивме од терористи. Сите нафтени и воени објекти во земјата ги имаме под контрола. Нашата борба ќе продолжи сѐ додека Либија не ја земеме под контрола“, додаде Хафтар.
По изјавите за медиумите, Лавров и Хафтар одржаа тет-а-тет средба.