Elena Teslova
24 Ноември 2015•Ажурирај: 27 Ноември 2015
АНКАРА (АА) – Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денес ја откажа посетата на Турција поради соборувањето на рускиот воен авион од страна на турските воздушни сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров требаше да пристигне во Истанбул утре, среда, за да се сретне со неговиот турски колега.
„Донесена е одлука за откажување на посетата и состанокот на ниво на министри за надворешни работи на Русија и Турција, што требаше да се одржи утре во Истанбул“, им изјави Лавров на новинарите во Сочи, Русија.
Тој им порача на Русите да не патуваат во Турција, тврдејќи дека заканите од тероризам се големи како во Египет, каде што руски патнички авион беше соборен, минатиот месец од, како што се сомневаат, терористичка бомба.