Furkan Naci Top
14 Август 2017•Ажурирај: 15 Август 2017
АТИНА (АА) - Стотици жители и туристи се евакирани од населбите во близина на главниот грчки град Атина поради големиот шумски пожар што брзо се шири поради силниот ветер, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарот во близина на Атина изби вчера, а во текот на ноќта ветерот го прошири огнот на боровата шума северно од градот.
Околу 150 пожарникари се борат за да го стават под контрола пожарот во крабрежните региони Каламос и Варнава.
Пожарите ги гасат и неколку хеликоптери и авион канадер, а веќе изгореа најмалку 20 куќи.
Стотици жители и туристи ноќта ја поминаа на плажите бидејќи пожарот опасно се приближи до населбите, а исто така и сообраќајот во тој регион е блокиран за противпожарните екипи да имаат побрз пристап до опожарените места.