Mahmut Geldi
29 Јуни 2017•Ажурирај: 30 Јуни 2017
ТРИПОЛИ (АА) - Конвој на ОН за поддршка на мисијата во Либија (УНСМИЛ) во средата беше нападнат во близина на Триполи, во Либија, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што беше соопштено од УНСМИЛ, конвојот бил нападнат додека се движел од Сурмон до Триполи.
Во соопштението се истакнува дека по нападот е воспоставен контакт со претставниците на ОН, кои се во добра состојба.
„ОН ќе продолжи да ги исполнува своите обврски во Либија и ќе продолжи да ги поддржува луѓето на патот кон мир и стабилност“, порачаа од УНСМИЛ.
Во соопштението во коешто беше изразена благодарност до Владата за националното единство на Либија и до локалните власти кога станува збор за безбедноста на официјалните претставници на ОН, се наведува и очекувањето дека членовите на мисијата безбедно ќе се вратат назад во Триполи.
Безбедносни извори тврдат дека оружен напад се случил во градот Ез Завија, западно од Триполи.
Изворите тврдат дека цел на нападот бил конвојот од шест возила и оти напаѓачите се поврзани со силите што го поддржуваат генералот Халиф Хафтар.