Mohamad Misto,Adham Kako
20 Декември 2018•Ажурирај: 23 Декември 2018
ХАСЕКЕ/АНКАРА (AA) - МУХАММЕД МИСТО - Откако Соединетите Американски Држави (САД) донесоа одлука да се повлечат од Сирија, конвој од десетици шлепери кои претходно транспортираа оружје за терористичката организација ЈПГ/ПКК, почнаа да ја напуштат оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од локалните извори, американските камиони кои претходно носеа оружје и муниција за терористичката организација ЈПГ/ПКК, синоќа во околу 23:00 часот почаа да се движат кон Ирак.
Претходно, по извршениот транспорт, празните шлепери со отворени церади се враќаа во Ирак, додека овој пат во оваа земја влегоа со затворени церади.
Дел од овие шлепери во конвој кој кон Ирак тргна во ноќните часови кога настанува прекин на електрична енергија, беа со затворени, а дел од нив со отворени церади во кои се забележано уреди за чистење на мини како и други машини.
- Одлуката на САД за повлекување од Сирија
Американските медиуми тврдеа дека американската војска планира целосно да ги повлече своите 2.000 војници од Сирија.
„Го поразивме ДЕАШ што беше единствената причина што бевме таму за време на мојот мандат“, истакна претседателот на САД, Доналд Трамп, во објава на социјанлната мрежа „Твитер".
Од друга страна, портпаролката на Белата Куќа, Сара Сандерс, рече: „Со влегување во нова фаза во борбата против ДЕАШ, почнавме американските војници да ги враќаме во земјата“.
Американските медиуми тврдеа дека целиот персонал на Министерството за надворешни работи на САД во Сирија ќе се повлече во рок од 24 часа, додека американските војници во Сирија ќе се повлечат во рок од 60 до 100 дена.
Според тврдењето во интернет страницата на Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, американските команданти ги информираа лидерите на ЈПГ/ПКК кои го користа името СДГ, дека ќе се повлечат од сите зони во Мунбич и источниот дел на Еуфрат.
Останува под знак прашалник прашањето колку ќе трае повлекувањето на американската војска од Сирија, што ќе биде со односот со терористичката организација ЈПГ/ПКК, како и тоа кога и на кој начин ќе биде исполнето ветувањето на САД дадено на Турција, а станува збор за повлекување на оружјето кое претходно како поддршка им е пратено од терористите на ЈПГ/ПКК.