Dildar Baykan Atalay
25 Јануари 2024•Ажурирај: 29 Јануари 2024
АНКАРА (АА) - Хеликоптерски тим спаси жена што околу 15 часа била заробена на своето превртено возило среде надојден поток, по обилните дождови што ја зафатија американската сојузна држава Калифорнија, известува Анадолу.
За време на силниот дожд неочекувано надошла вода во потокот преку кој неименувана жена возела со својот автомобил во Калифорнија.
25.01.2024 Спасена е жена која 15 часа седела заробена на своето превртено возило во надојден поток во САД
АНКАРА (АА) - Хеликоптерски тимови спасија жена што околу 15 часа била заробена на своето превртено возило среде надојден поток, по обилните дождови што ја зафатија американската сојузна држава Калифорнија
Поради покаченото ниво на водата во надојдениот поток се превртел автомобилот, а жената успеала да се качи на возилото, каде што чекала 15 часа за да биде спасена.
Хеликоптер на Калифорниската патна патрола со воздушна операции ја спасил заробената жена.
Локалните власти објавија дека жената била пренесена во болница, каде што е констатирано дека е полесно повредена.
Снимката од моментот на спасување на жената стана вирална на социјалните мрежи.