Eşref Musa,Ahmet Karaahmet
31 Јануари 2024•Ажурирај: 14 Февруари 2024
ИДЛИБ (АА) - Турската фондација за хуманитарна помош (ИХХ) соопшти дека поделила 42.000 тони помош на 570.000 луѓе погодени од војната во Сирија во текот на 2023 година, јавува Анадолу.
Јакуп Ишик, потпретседател на ИХХ за Сирија, за Анадолу изјави дека како фондација обезбедиле 1.658 камиони хуманитарна помош, додавајќи дека „помошта била насочена кон клучните потреби.“
Ишик додаде дека планираат да продолжат со помагање на луѓето во Сирија и во наредниот период.
Тој информираше дека помошта се состои од храна, ќебиња, гориво, облека, шатори и хигиенски пакети.
Ишик истакна дека хуманитарната помош во земјата разорена од војната се испраќа преку граничните премини во Хатај и Килис.
Доставената помош им е поделена на семејствата погодени од војната во шаторските населби и на други локации.
Потпретседателот на ИХХ нагласи дека бројот на камиони што ги пратиле во Сирија од 2011 година е над 28.000.