Lokman İlhan
29 Јуни 2017•Ажурирај: 29 Јуни 2017
БОГОТА (АА) - При потонувањето на туристички брод во езерото во колумбискиот град Гуатапе, досега животот го загубија осум лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Од вооружените сили на Колумбија соопштија дека е пронајдено уште едно тело.
Директорот на Цивилната заштита во Колумбија (УНГРД), Карлос Иван Маркез, соопшти дека сѐ уште трае акцијата за спасување на жртвите, во којашто се вклучени и нуркачи.
Според Маркез, последното пронајдено тело е на 63-годишна жена и е испратено на обдукција.
Туристичкиот брод потона на 25 јуни во езерото кое се наоѓа на 80 километри од Меделин.
Од УНГРД претходно потврдија дека на бродот во времето кога потона се наоѓале вкупно 167 лица, а повеќето од нив беа спасени со брза реакција на малите чамци, кои пристигнаа на помош веднаш откако бродот почна да тоне.