Mustafa Güngör,Serkan Avcı
24 Јуни 2019•Ажурирај: 25 Јуни 2019
МЕРСИН
Во турскиот град Тарсус, во областа Мерсин, дојде до железничка несреќа откако товарен воз удри во минибус. Во несреќата животот го загуби едно лице, а 8 лица се повредени, од кои три потешко, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, товарен воз, во подрачјето на градот Тарсус, на железнички премин се судрил со минибус.
На местото на несреќата се наоѓаат голем број медицински и противпожарни возила.
Во несреќата животот го загуби 1 лице, а 8 се повредени, од кои 3 потешко.