Selçuk Acar
29 Јуни 2017•Ажурирај: 29 Јуни 2017
ЊУЈОРК (АА) - Во стан во областа Менхетен во Њујорк избувна пожар во којшто се повредени 16 пожарникари кои интервенирале во несреќата, јавува Anadolu Agency (AA)
Пожарот што вчера во попладневите часови избувна во еден стан во населбата Гринвич Вилиџ во Менхетен, за кратко време ја зафати целата зграда, со што предизвика страв кај жителите во околината.
Во несреќата интервенираа голем број пожарникари. Од службата на итната медицинска помош (ЕМС) јавија дека 16 пожарникари се лесно повредени. Исто така, во последен момент биле спасени и голем број домашни животни.
Началникот на Противпожарната служба на Њујорк (ФДНЈ), Даниел Нигро, информираше дека на пожарот интервенирале 200 пожарникари. Тој истакна дека постои веројатност пожарот кој избувнал на првиот кат, преку оџакот да ја зафатил и целата зграда.
Според соопштеното, некои улици се затворени за сообраќај поради пожарот.