Furkan Naci Top
31 Мај 2016•Ажурирај: 01 Јуни 2016
АТИНА (АА) - На протестот во знак на незадоволство од приватизацијата на пристаништата во Грција се случи судир меѓу протестантите и полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
На повик на Федерацијата на пристанишни работници на Грција на плоштадот Синтагма во Атина присуствуваа околу стотина работници.
Полицијата ги спречи работниците - протестанти да влезат во хотелот во кој средба имаа акционерите на пристаништето во Пиреа и одговорните од грчкиот фонд за приватизација.
Во меѓувреме, се зголеми тензијата меѓу протестантите кога еден од одговорните од фондот за приватизација излегол пред хотелот во обид да преговара со работниците. Полицијата реагираше при обидот работниците да почнат да фрлаат шишиња. За време на реакцијата на полицијата претседателот на Федерацијата, Јоргос Георгекапулос, се онесвестил.
Работниците од пристаиштето во знак на протест, изминатите недели организираа дводневни штрајкови.
Грчкиот Фонд за развој на средства (TAIPED), одговорен за приватизацијата со која во месец април беше потпишан договор со кој за 368,5 милијарди евра беа продадени 67 отсто од пристаништето во Пиреа, најголемото пристаниште во Грција, на кинеската фирма COSCO.
Според договорот кој Грција го постигна со кредиторите, се планира солунското пристаниште во септември да се понуди на тендер за приватизација.