Sibel Uğurlu
08 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
ТРИПОЛИ (АА) - Најмалку две лица загинаа, а повеќе од 200 се спасени во неделата вечер од чамец на трговци со мигранти на западниот брег од либискоти крајбрежје, потврди Ајуб Касим, портпаролот на либиските поморски сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Касим истакна дека чамецот потонал кај брегот Гарубули, источно од Триполи.
На пловилото се пронајдени телата на две лица, но засега не е позната причината за нивната смрт.
Западниот либиски брег со години е рута по која африканските мигранти се обидуваат да дојдат до европските земји.