Alma Çekovic
08 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
КИНШАСА (АА) - Најмалку 44 лица ги загубија животите во свлечишта и поплави во Демократска Република Конго предизикани од обилните врнежи од дожд кои изминатата недела го зафатија подрачјето на главниот град Кингшаса, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Локалните власти соопштија дека најмногу луѓе загинале како последица на уривање на ѕидови, одрони и давење.
Спасувачките екипи трагаат по преживеаните, а се очекува бројот на загинати да се зголеми.
Поради поплавите дојде до прекин на електричната енергија, а надојдената вода уништи бројни објекти и мостови.
Обилните дождови кои ја зафатија Киншаса во четвртокот траеја 23 часа.