Betül Yürük
08 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
ЊУЈОРК (АА) - Еден од терминалите на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ (ЏФК) во Њујорк беше евакуиран поради водата што се појави по пукањето на водоводните цевки, јавува Anadolu Agency (AA).
Студеното време и невремето веќе со денови го отежнуваат животот во Њујорк, како и авиосообраќајот на еден од најфреквентните аеродроми во светот.
Токму неповолните временски услови доведоа до пукање на главните водоводни цевки, а водата се појави во делот предвиден за преземање на багажот.
Водата ги зафати куферите на поедини патници, а терминалот, во кој дојде до прекин на напојувањето со електрична енергија, делумно е евакуиран.