Betül Yürük
09 Декември 2022•Ажурирај: 12 Декември 2022
ЊУЈОРК (АА) - Изложба со избор на фотографии од меѓународниот конкурс за новинарски фотографии, „Istanbul Photo Awards“, започна во Њујорк, САД, јавува Агенција Анадолија (АА).
Третата изложба на „Istanbul Photo Awards 2022“ беше отворена во седиштето на ОН.
Повеќе од 30 фотографии кои покриваат големи настани низ светот во текот на изминатата година ќе бидат изложени до 22 декември.

Говорејќи на церемонијата на отворањето, турскиот амбасадор во ОН, Феридун Синирлиоглу, рече дека изложбата е манифестација на некои од најголемите предизвици со кои се соочува човештвото.
„Ќе ја видите тагата, очајот, стравот од непознатото и копнежот во очите на луѓето кои минатата година издржаа различни предизвици“, рече тој.
„Задоволни сме што го гледаме зголемениот интерес за годишните награди за фотографии на Агенција Анадолија низ годините“, нагласи Синирлиоглу.
Огуз Каракаш, заменик-генерален директор на Агенција Анадолија, рече дека најголемиот знак за силата на агенцијата во фотографијата е „Istanbul Photo Awards“.
„Во текот на последните осум години, 14.000 фотографи се пријавија на нашиот конкурс. Само во 2022 година се пријавиле фоторепортери од 113 различни земји со 16.000 различни фотографии“, нагласи Каракаш.
Тој рече дека фотографиите прикажани овде се импресивен избор вешто направен од водечките светски фоторепортери и избрани од меѓународно жири.
- Победници
Фотографијата на фотографот на „Блумберг“ (Bloomberg), Константинос Цакалидис, насловена „Жената од Евија“ ја освои наградата „Фотографија на годината“ на „Istanbul Photo Awards 2022“, осмото издание на годишниот меѓународен натпревар за фотографија од големите настани низ светот во изминатата година.
Фотографијата на Цакалидис беше избрана меѓу над 16.000 пријавени фотографии од различни делови на светот.
Првата изложба на „Istanbul Photo Awards 2022“ беше отворена во турската метропола Истанбул во септември.
Агенција Анадолија својата трета изложба ќе ја отвори на 8 декември во седиштето на ОН во Њујорк.

Натпреварот оваа година е организиран со поддршка на „Канон“ (Canon), „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines (THY)) и Турската агенција за соработка и координација (TIKA). „Ада Анкара“ (Ada Ankara) помогна во организирањето на изложбата во главниот град Анкара.
Фотографите своите апликации за „Istanbul Photo Awards 2023“ можат да ги испратат до 15 јануари. Пријавувањето е отворено претходно овој месец.
Детали за аплицирањето и победничките фотографии од минатите години може да се најдат на http://www.istanbulphotoawards.com/.