Besar Ademi
01 Октомври 2019•Ажурирај: 01 Октомври 2019
СКОПЈЕ (АА) - Сервисот на Anadolu Agency (AA) на албански јазик денес ја одбележува петтата годишнина од почетокот на објавувањето на вестите на албански јазик.
Пред пет години, на 1 октомври 2014 година, АА започна со објавувањето на вестите на албански јазик, а на 9 ноември 2015 година, почнувајќи со објавување на вестите и на македонски јазик, во Скопје го отвори центарот за објавувања на албански и македонски јазик.
Во текот на изминативе пет години, сервисот на АА на албански јазик со објавување на вестите од сите страни на светот, збогатени со фотографии и видеосодржини, се здоби со активна и поблиска димензија до албанските медиуми, вклучувајќи ги тука и читателите од овој регион и пошироко.
Со своето присуство во Скопје, Тирана и Приштина, сервисот на АА на албански јазик во текот на петте години постоење брои над 84 илјади објави на вести од Балканот, Турција и светот, од кои над 41 илјада се проследени со фотогалерии и над 21 илјада со видеа.
Инаку, албанскиот јазик е осми јазик на којшто се објавуваат вести во оваа медиумска институција. Покрај вестите на турски, албански и македонски јазик, Anadolu Agency (AA) објавува вести и на англиски, арапски, БХС (босански, хрватски и српски), руски, француски, курдски (дијалектите сорани и курманџи), персиски, индонезиски и шпански јазик.
Секој ден од Канцеларијата на АА во Скопје, за претплатниците и читателите се нудат над 120 публикации, вклучувајќи вести, фотографии и видеа.
Инаку, АА е една од десетте најголеми агенции на светската ранг-листа, која на сите 13 јазици дневно ја надминува бројката од над три илјади објави на вести, фотографии и видеа.