Bilgin S. Şaşmaz
09 Декември 2015•Ажурирај: 12 Декември 2015
ЊУЈОРК (АА) - Најголемото село направено од медени колачиња, дело на американскиот готвач, Јон Лович, кој трипати влегол во Гинесовата книга на рекорди, е изложено во Научниот центар во Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Селото од медени колачиња, на кое готвачот Лович работеше околу 1.500 часа, предизвика големо внимание, а дневно го посетуваат стотици луѓе.
Лович за „изградбата“ на селото потрошил 6.410 јајца, 350 килограми шеќер од 11 различни земји, 310 килограми тесто за медени колачи. Селото е тешко околу 1,5 тони а е изложено на површина од 50 метри квадратни.
Прекрасното дело на готвачот Јон Лович, најногу го привлече вниманието на децата кои доаѓаат во голем број, а покрај нив се и бројните туристи кои се одлучиле да го посетат „слаткото село“. Посетителите имаат можност да ја видат библиотеката, противпожарната станица, железничката станица направени од медени колачиња. Во селото има 1.102 мали објекти.
Готвачот Јон Ловович со својата работа влегол во Гинесовата книга на рекорди по трет пат, а неговото село ќе биде изложено до 10-ти јануари, кога медените колачиња ќе им бидат поделени на граѓаните.