Vesna Besiç
07 Декември 2015•Ажурирај: 08 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Весна Бешиќ -
Во големата aлеја во Илиџа, во близина на Сараево, откако ќе се помина покрај бројните таверни и вили, ќе ве пречека сокак на чив крај се наоѓаат неколку бараки. Овие бараки се дом на пет ромски семејства со околу 30 деца, од кои само три одат на училиште.
Амира и нејзините двајца браќа Хуан и Тајсон сакаат нормален живот. Тие сакаат да се капат и чисти да пишуваат домашна работа во топол дом. Сега за сега го немаат тоа , како и другите 20 деца, што тимот на Anadolu Agency (АА) ги затекна покрај запалениот оган меѓу кал и трошни бараки.
Оскудно облечени, валкани, со рацете и нозете црвени од студот, но со насмевки на лицето ги поднесуваат првите зимски температури. Тие велат, не им пречи зимата, но сакаат нормален живот во топол дом.
Зинета Хаџовиќ тука живее со четири деца. Трите одат на училиште, а колку ќе потрае тоа, ни таа не знае.
"Осум години живееме овде. Не знаеме што да правиме. Новинарите доаѓаат тука и заминуваат. Ние не добиваме ништо од тоа. Ние немаме покрив над главата. Школувам три деца. Се е во кал овде", вели Зинета.
Поради ваквите услови, децата можеби ќе треба да го напуштата училиштето.
"Училиштето ми помага. Ми дава храна, обувки и облека. Но, јас не можам постојано да одам и да барам. Децата се многу добри ученици. Во бараката немаме печка", вели Зинета чии деца пишуваат домашните задачи на свеќи.
Таа додава дека некои луѓе им понудиле пари за изнајмување на куќа, додавајќи дека на Ромите никој не сака да им изнајми простор.
Нејзиниот син Мујо (14) е ученик во првото основно училиште во Илиџа. Тој сака да биде механичар, и се надева дека ќе успее.
"Јас немам облека, немаат услови да одам на училиште. Можете да видите колку сум валкан. Живеам во кал. Палам свеќа и ја пишувам мојата домашна задача", вели Мујо.
Тој вели дека неговите соученици му помогаат да продолжи со своето школување.
"Сакам да го продолжат своето образование. Би сакал да биде механичар. Ќе видам дали ќе успеам во тоа. Јас немам услови за живот. Немам каде да се избањам. Посакувам да имам куќа и бања, да можам да одам на училиште чист", изјави 14- годишното момче.
Алма Сеферовиќ (27) живее тука осум години и е мајка на шест мали деца.
"Јас се разделив од својот сопруг и живеам во барака со децата. Немамe услови. Немаат вода да се капат децата, немаат облека или чевли. Некои жени ми даваат облека и пелени за бебето што има два месеци", рече Алма.
"Никој не ни помага. Децата не одат на училиште, иако јас би сакал да одат. Живееме од кантите. Да немаше канти, ќе немавме ништо. Ние живееме од канти и железо", раскажа Вехбија.