Ekipa
19 Ноември 2015•Ажурирај: 20 Ноември 2015
САРАЕВО (АА) - Портпаролот на МВР на Кантонот Сараево, Ирфан Нефиќ, кој претходно беше во куќата на осомничениот за убиство на двата војници на Вооружените сили на Босна и Херцеговина, на новинарите им рече дека осомничениот изврши самоубиство со употреба на експлозивна направа, јавува Anadolu Agency (AA).
"Лицето кое се сомничи за убиство на двата војници, во куќата на адреса Ибрахим Первиза , број 14, изврши самоубиство, најверојатно со употреба на екслопзивна направа“ , рече Нефиќ.
Тој напомена дека увидок е во тек и дека покасно ќе бидат познати повеќе информации.
Во меѓувреме, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, по состанокот во зградата на Советот на министри, во врска со нападот во кој загинаа двајца војници на Вооружените сили на БиХ,на новинарите им кажа дека пукањето во војниците е пукање во државата.
"Тоа никој не може да го прави. Таквите работи ќе се санкционираат. Пукањето во војниците е пукање во државата Босна и Херцеговина“ , рече Звиздиќ.
Истакна дека истрагата е во тек и дека покасно ќе биде позната квалификацијата на нападот кој во средата вечерта се случи во населбата Рајловац во Сараево.
Во Босна и Херцеговна е недопустиво било кој да може да пука во униформиран војник. Тоа е причината за овој состанок. Тоа е клучата порака. Степенот на безбедност ќе биде подигнат на највисоко ниво“ рече Звиздиќ.
Енес Омерагиќ, осомничениот за нападот со огнено оружје во кој загинаа двајца војници на Вооружените сили на Босна и Херцеговина, изврши самоубиство неколку минути пред полноќ.
Омерагиќ самоубиството го изврши во куќата на Сокољ, која по извршеното дело, ја обиколија силни полициски сили.