Mustafa Keleş
17 Декември 2015•Ажурирај: 19 Декември 2015
ЊУЈОРК (АА) - Афроамериканската муслиманка Керолин Волкер-Диало, минатата недела стана државна судијка во Граѓанскиот суд во Њујорк, а нејзиното свечено положување заклетва, со ставање на раката врз Куранот, предизвика бран расистички и исламофобни реакции на социјалните мрежи, јавува Anadolu Agency (AA).
Волкер-Диало победи на изборите за државен судија во седмиот изборен округ во Бруклин, откако во согласност со американскиот Устав положи свечена заклетва со ставање рака на Куранот.
Бран од расистички и исламофобни навреди на социјанските мрежи, предизвикан од глетката како избраната судијка со марама на глава положува заклетва, држејќи го Куранот в рака, е уште еден показател дека исламофобијата во САД е во пораст.
„САД не се Блискиот Исток“, „Муслимани ги окупираат САД“ и „Муслимански судија ќе суди според шеријатот“ се само неколку од коментарите кои уследија откако судијката Вокер-Диало на својот Фејсбук профил објави фотографија од свечениот чин на положување заклетва држејќи го Куранот в рака.
Неименуван асистент во Канцеларијата на Волкер-Диало за АА рече дека внимателно ги следат сите реакции во јавноста, но дека новоизбраната судијка одреден период нема да дава изјави во врска со тоа прашање.
Од најголемата организација на муслиманската заедница во САД, Советот за американско-исламска соработка сметаат дека таквите напади на новоизбраната судијка се „застрашувачки“.
„Жално е на ваков начин да се гледа на чинот кој би требало да претставува гордост за нацијата. Во нашата заедница има премногу омраза“, порачаа од Советот.
Антимуслиманксата реторика во САД сè повеќе ја отежнува положбата на муслиманската заедница во тоа општество. Во таквата реторика, секако, предничи републиканскиот претедент за кандидат на претседателските избори во САД следната година, Доналд Трамп, кој повикува на сите мулимани да им се забрани влез во САД, а на границата на САД да се изгради „убав и голем ѕид“.