Hasan Özkal
17 Декември 2015•Ажурирај: 17 Декември 2015
АЛЕПО (АА) - Најмалку осум лица загинаа, меѓу кои и четири деца, а 11 се ранети во воздушните напади на руски авиони врз местото Азаз, недалеку од сирискиот град Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, руските авиони го бомбардираа малото место Азаз, во близина на Алепо. Во бомбардирањето загинаа осум лица меѓу кои и четири деца.
Екипи на цивилната одбрана успеаа да извлечат 11 лица кои поради бомбардирањето останаа затрупани под рушевините. Повредените лица префрлени се во локалната болница.
Бомбардирањето нанесе голема материјална штета на ова место.