Ayhan Şimşek
08 Декември 2016•Ажурирај: 08 Декември 2016
ХАМБУРГ (АА) - Министерот за надворешни работи на САД, Џон Кери, и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, одржаa состанок во германскиот град Хамбург, каде што разговараа за ситуацијата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Кери и Лавров престојуваат во германскиот град Хамбург, по повод состанокот на Советот на министри на Организацијата за безбедност и соработка (ОБСЕ).
По синоќешната средба, Кери за медиумите изјави дека со Лавров зборувале за „ужасната ситуација“ во Алепо.
Тој додаде дека и денес ќе се обиде да одржи уште еден состанок со руските официјални лица, и повторно да се разговара за ситуацијата во оваа земја.
Од друга страна, рускиот министер Сергеј Лавров, вчера оствари средба со германскиот министер за надворешни работи Франк Штајнмаер.
Од германски дипломатски извори се дознава дека за време на состанокот Штајнмаер укажал на хуманитарната криза во Алепо, како и за итно запирање на бомбардирањето, воспоставување на примирје и испорака на хуманитарна помош.
Штајнмаер порача дека Германија очекува од Русија да изврши притисок врз режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад за да може сето ова да се постигне.
Шефот на германската дипломатија порача дека за граѓанската војна во Сирија е можно само политичко решение.