08 Декември 2016•Ажурирај: 08 Декември 2016
ПАРИЗ (АА) - Поранешниот француски министер за буџет осуден е денес на три години затвор поради перење на пари и даночно затајување, пренесува Anadolu Agency (AA).
Судот во Париз го прогласи Каузак за виновен за даночно затајување и перење на пари, а во образложението на пресудата наведе дека Каузак извршил неправилности од „вонредна и ретка сериозност”.
Поранешниот француски министер и неговата поранешна жена признаа дека најмалку 20 години имале непријавена сметка во странска банка.
Каузак поднесе оставка кон крајот на септември, откако обвинителството објави дека спроведува истрага за неговата сметка во швајцарската банка која наводно ја користел за да ги скрие парите и со тоа го избегнувал плаќањето данок.
За време на мандатот како министер за буџет на Франција, Каузак беше директно задолжен за борба против избегнување на плаќање данок во оваа земја.