Ruslan Rehimov,Elena Teslova
01 Ноември 2016•Ажурирај: 02 Ноември 2016
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави дека на неодредено време е одложен почетокот на политичката транзиција во Сирија и враќањето на мирот и спокојството на сирискиот народ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писмено соопштение на руското Министерство за одбрана се вели дека министерот Шојгу се сретнал со високи воени претставници и притоа истакнал дека осум хуманитарни коридори во Алепо и понатаму остануваат отворени, и дека веќе 16 дена не се изведуваат воздушни напади во градот.
Исто така, Шојгу рече дека со сириските опозициски групи е невозможно да се водат какви било преговори.
Тој потсети дека на руските воени бродови на патот за Сирија не им било дозволено да впловат во пристаништата на одредени европски земји за да наполнат гориво, и дека Западот на тој начин ја блокира борбата против тероризмот.
„Неопходно е заедничко да се делува за уништување на терористите. Сојузниците во оваа борба не смеат да се блокираат едни со други. Вооружените групи ваквите појави ги користат за свои интереси. Како резултат на тоа, на неопределено време се одложува почетокот на политичката транзиција и враќањето на мирот и спокојството на народот во оваа земја“, рече Шојгу.