Emre Gürkan Abay
19 Август 2023•Ажурирај: 20 Август 2023
МОСКВА (АА) - Министерството за одбрана на Русија соопшти дека Украина се обидела да изврши напад на Крим со ракета С-200, пренесува Анадолу.
„Ноќта на 19 август, режимот на Киев се обиде да изврши терористички напад на Крим со ракета за противвоздушна одбрана С-200“, се наведува во соопштението на Министерството по повод обидот за напад во текот на ноќта.
Во соопштението се додава дека украинската ракета била навреме откриена и блокирана во воздух од страна на руските противвоздушни ракетни системи, и дека нема причинета штета, ниту жртви.
Русија го анектира Крим во 2014 година.