Sinan Polat
03 Декември 2015•Ажурирај: 04 Декември 2015
БЕЛГРАД (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по состанокот со Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Русија, одговарајќи на новинарски прашања изјави дека се надева дека Русија ќе се откаже од неоснованите обвинувања и дека повторно ќе ги преиспита своите брзо донесени одлуки, јавува Anadolu Agency (AA).
"Моментално не постои одлука која сме ја донеле или предвиделе кон Русија. Трпеливо чекаме поправање на односите но треба да знаеме дека ваквата состојба нема да трае вечно" , рече Чавушглу.
Во врска со случувањата по соборувањето на рускиот авион, Чавушоглу истакна дека ниту една страна не сака подигнување на тензиите.
"Сигурен сум дека откако ќе спласнат емоциите ќе превладее здравиот разум и нашите односи ќе ги вратиме во старите денови" , рече Чавушоглу.
Истакна дека денешната средба со Лавров беше конструктивна, додавајќи дека е потребно да се продолжи со состаноци за да односите помеѓу овие две земји се вратат на својот колосек.
Инаку, министрите на надворешни работи на Турција и Русија, Мевлуд Чавушоглу и Сергеј Лавров, се состанаа денеска во Белград.
Според добиените информации, на маргините на 22 заседание на Министерската конференција на OSCE, Лавров и Чавушоглу денеска одржале состанок на кој разговарале за односите на Турција и Русија.
Состанокот е одржан зад затворени врати, а главна тема на разговорите беше кризата во односите помеѓу двете земји до која дојде по неодамнешното соборување на рускиот авион поради повредата на турскиот воздушен простор.
Ова е прва средба на високите функционери на двете земји по спомнатиот настан.