Aylin Sırıklı
27 Ноември 2015•Ажурирај: 28 Ноември 2015
АНКАРА (АА) - Генералштабот на Република Турција соопшти дека на редовната седница на Врховниот воен совет на Турција e разговарано за настаните кои неодамна се случија на границата со Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
" На редовната седница на Врховниот воен совет разговарано е за настаните кои неодамна се случија на границата со Сирија. Во тој контекст, оценето е дека е потребно да се држат отворени каналите на дипломатскиот и воениот дијалог со соседната Русија и да се преземат потребните мерки за да се спречат нови несакани ситуации помеѓу вооружените сили на двете земји" соопштено е од Генералштабот на Република Турција.
Турските војни сили, во вторник, на 24 ноември, го соборија рускиот авион СУ-24 поради нарушување на турскиот воздушен простор, иако руските пилоти беа предупредувани десет пати во рок од пет минути да го променат правецот на движење
После овој настан, кој привлече внимание на светската јавност дојде до зголемени тензии помеѓу двете земји, но лидерите сепак успееа сето тоа да го исконтролираат и да и порачаат дека Русија и Турција се две пријателски земји и дека нема опасност за појава на посериозен судир.