İlhan Toprak
02 Декември 2015•Ажурирај: 02 Декември 2015
ДОХА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на вториот ден од официјалната посетата на Катар се сретна со тамошниот емир, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, а потоа претседаваа со првата седница на Комитетот за стратешка соработка, чие формирање е договорено минатата година во Анкара, јавува Anadolu Agency (АА).
Ердоган по разговорот со шеикот Тани, а пред почетокот на седницата на Комитетот на која се потпишани 15 билатерални договори, изјави дека интензивирањето на односите помеѓу Турција и Катар оди по планираниот тек и дека така ќе биде и во наредниот период.
Истакнувајќи ја важноста на првото заседание на Комитетот, Ердоган рече дека војските на двете земји веќе ја завршија првата заедничка вежба и дека првиот дел турски војници веќе стапи на должност во рамки на договорот за воспоставување воена база во Катар.
„Успешно тече годината на турската и катарската култура. Ќе продолжиме со интензивирање на билатералните односи. Ѝ даваме голема важност на билатералната соработка и соработката во рамките на Советот за соработка на Заливските земји“, рече Ердоган.
Истакнувајќи дека поддршката на членките на Советот по прашањето на Јемен е конкретен показател за придонесот во безбедноста на регионот. Ердоган рече дека и турската билатерала со Саудиска Арабија е сè поинтензивна. Тој изрази надеж дека во мандатот на катарското претседателство со Советот на заливска соработка ќе бидат надминати отворените прашања помеѓу Турција и Советот.
На денешната седница на Комитетот за стратешка соработка помеѓу Турција и Катар потпишани се 15 билатерални договори за соработка во областа на образованието, заштитата на околината, науката и технологијата.