Yusuf Özcan
23 Март 2022•Ажурирај: 24 Март 2022
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека граѓаните во таа земја ќе се соочат со глобална криза со недостиг на храна поради руско-украинската војна, јавува Агенција Анадолија (АА).
Макрон за француската радиостаница „Франс блу“ (France Bleu) изјави дека на Французите ќе им пружи помош во вид на храна.
Тој нагласи дека војната во Украина сигурно ќе донесе глобална криза со недостиг на храна.
Макрон рече дека размислува за давање ваучер за помош на семејствата со средни и ниски примања кои се соочуваат со растечките цени за храна. Тој додаде дека ќе ги поттикне луѓето да купуваат само француски производи.
Тој, исто така, истакна дека сака да бидат помалку зависни од храна од странство во наредните години.
Според податоците на Министерството за финансии на Франција, предложените ваучери за храна би биле слични на моменталниот систем на ваучери за енергија преку кои се пружа помош во плаќањето на сметки за струја и природен гас за околу 5,8 милиони домаќинства со ниски примања секоја година.