Halit Demir
19 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
АЛЕПО (АА) - Источните делови од Алепо, кои се под опсада од силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, се уништени и претворени во град на духови, но ништо подобра не е ситуацијата и во регионот на Дарет Изе, во западниот дел на Алепо, кој исто така беше цел на жестоки напади од страна на сирискиот режим и неговите сојузници, јавува Anadolu Agency (AA).
И генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, неодамна изјави дека Алепо стана синоним за пекол, и дека состојбата не е ништо поразлична во регионот Дарет Изе, западно од Алепо.
Регионот Дарет Изе се наоѓа западно од Алепо и е под контрола од опозицијата. Овој регион претходно беше цел на жестоки воздушни и артилериски напади на сирискиот режим и неговите сојузнички терористички групи кои регрутираат странски борци.
Жителите на Дарет Изе одбија да ги напуштат своите домови и се борат за опстанок во трошните домови, без доволно храна, електрична енергија, греење и лекови.
Болниците, училиштата и другите јавни институции веќе се срушени во нападите на режимот и неговите сојузници, а локалните жители и активистите се обидуваат да ги оспособат болниците и здравствените центри.
Припадникот на опозициската Слободна сириска армија, Тахир Абу Јасин, за АА рече дека регионот Дарет Изе бил цел на најжестоките напади на сирискиот режим, веднаш по Алепо.
„Овие населби се целосно уништени. На болницата во тоа место беа извршени воздушни напади во 20 наврати. Луѓето се прашуваат што ќе се случи со нив во текот на оваа зима. Сега доаѓаат и група цивили кои беа евакуирани од источниот дел на Алепо“, рече Јасин.