Ahmet Furkan Mercan
19 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Јапонскиот премиер Шинзо Абе најави дека ќе се зголеми поддршката на Јапонија за мировните сили на Обединетите нации (ОН), пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција Кјодо соопшти дека Абе зборувал на симпозиумот одржан по повод 60-годишнината од зачленувањето на Јапонија во ОН.
Тој во оваа пригода потсети за поддршката на Јапонија на мисијата на мировните сили на ОН во Јужен Судан. Абе изјави дека во иднина, Јапонија во рамките на принципот на меѓународната соработка ќе даде поголема поддршка за мисијата на мировните сили.
Тој додаде дека јапонските војници ангажирани во мировната мисија во Јужен Судан, работат на постигнувањето стабилност во таа земја.
Исто така, тој нагласи дека на Советот за безбедност на ОН му треба промена.
„Потребно да се направи реформа во Советот“, додаде Абе, кој смета дека Јапонија треба да биде постојана членка на Советот за бебедност на ОН.
„На тој начин Јапонија ќе може да исполнува поголеми задачи“, рече Абе.
Парламентот на Јапонија минатата недела одобри да бидат испратени 350 војници што ќе се придружат на мировната мисија во Јужен Судан.