Handan Kazancı
07 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
ИДЛИБ (АА) - Најмалку 30 лица загинаа, а околу 70 се повредени во експлозии кои се случија во Идлиб, на северозападот од Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Четири експлозии се случија во центарот на Идлиб каде биле паркирани голем број автомобили. Во експлозијата се повредни најмалку 70 лица. Голем број од повредените се хоспитализирани, а во тек е акција за спасување на преостанатите.

Власта тврди дека експлозивните направи биле поставени во возило.
Војната во Сирија започна во март 2011 година, а Идлиб е едно од подрачјата на кое се вршат најголем број воздушни напади, и покрај тоа што на состанокот во Астана, одржан во септември 2017 година, беше договорено подрачјето на овој град да биде едно од зоните без судири.