Gamze Türkoğlu Oğuz
07 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
СИДНЕЈ (АА) - Во австралијскиот град Сиднеј измерена е највисоката температура во последните 79 години, јавува Anadolu Agency.
Официјалните претставници соопштија дека во Сиднеј денеска е измерена температура од 47,3 степени.
Кетрин Брн од полицијата на Њу Саут Велс изјави дека во реалност е спроведен планот за борба против високи температури.
Поради високите температури, илјадници домови останале без електрична енергија, а во државата важи забраната за палење оган поради можноста од избивање пожар.
Во Сиднеј далечната 1939 година е измерена највисоката температура од 47,8 степени целзиусови.