Recep Şakar
11 Февруари 2019•Ажурирај: 12 Февруари 2019
МЕЛБУРН (АА) – Австралија и Франција потпишаа договор за одбрана во вредност од 50 милијарди долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Австралискиот премиер, Скот Морисон, истакна дека потпишал договор за изградба на 12 подморници за Кралската морнарица, во вредност од 50 милијарди долари.
Морисон, на официјалната веб-страница на Владата соопшти за Договорот за партнерство потпишан со француската компанија „Навал Груп“ (старо име DCNS), за изградба на 12 подморници од новата генерација.
Церемонијата на потпишувањето на договорот се одржа во главниот град Камбера. Договорот го потпишаа министерот за одбрана на Австралија, Кристофер Пајн, и министерот на Вооружените сили на Франција, Флоренс Парли. Премиерот Морисон го оцени договорот како „многу храбар план“.
„Подморниците со децении ќе ја штитат безбедноста и просперитетот на Австралија. И ќе ги продлабочат односите меѓу Австралија и Франција во областа на одбраната“, рече Морисон, додавајќи дека 12-те подморници од класата за напад ќе чинат 50 милијарди долари.