свет

Рохани: „Ќе продолжиме со производство на проектили“

Иранскиот претседател истакна дека Иран не барал и нема да бара дозвола од никого за производство на оклопно пробивачки проектили и на одбранбена опрема

Muhammet Kurşun  | 11.02.2019 - Обновена : 11.02.2019
Рохани: „Ќе продолжиме со производство на проектили“

Teheran

ТЕХЕРАН (АА) - Претседателот на Иран, Хасан Рохани, истакна дека неговата земја нема да бара дозвола од никого за производство на оклопно пробивачки проектили и на одбранбена опрема, и дека ќе продолжат со производство на овие оружја, јавува Anadolu Agency (AA).

Рохани имаше свое обраќање на церемонијата на плоштадот „Азади“ во Техеран организирана по повод 40-годишнината од Револуцијата, каде што говореше за програмата за проектили на Иран.

Рохани нагласи дека овие свечености ги организираат под санкциски притисок на Израел и неговите поддржувачи во регионот, и истакна дека учеството на народот на нив покажува дека нивните планови против Иран се неуспешни.

Иранскиот претседател рече дека Иран не барал и нема да бара дозвола од никого за производство на оклопно пробивачки проектили и на одбранбена опрема.

„Нашите вооружени сили ќе продолжат со производство на оклопно пробивачки проектили, и нема да земеме дозвола од никого за тоа“, додаде Рохани.

Рохани нагласи дека порано 5 отсто од оружјето било произведувано во земјата, додека 95 отсто било купено од надвор.

Според него, денес 85 отсто од нивните потреби ги исполнуваат, односно произведуваат во земјата, и вооружените сили на неговата земја достигнале на тоа ниво сами да ги исполнат своите потреби.

Рохани потсети дека населението на Иран на почетокот на Револуцијата било 36 милиони лица, додека сега се зголемило за 128 отсто, и брои 82 милиони жители.

Инаку, во сите покраини во Иран се организираат разни церемонии по повод 40-годишнината од Револуцијата од 11 февруари 1979 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın