Ekipa
07 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
СТОКХОЛМ (АА) - Едно лице загина и едно е повредено во експлозијата која одекна на метро-станица во Стохолм, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шведската државна телевизија СВТ јавува дека еден маж починал по тешките повреди со кои се здобил откако го подигнал сомнителниот предмет.
Шведската полиција сѐ уште не ја потврди неговата смрт.
Портпаролот на полицијата Свен-Ерик Олсон изјави дека инцидентот се случил утринава недалеку од метро-станицата Варби Гард во населбата Худинге.
Во екслозијата на направата за која се сомнева дека е рачна бомба, повредено е едно женско лице.
Засега нема информации дали инцидентот е поврзан со тероризам.