Dmitri Chirciu
13 Октомври 2021•Ажурирај: 14 Октомври 2021
МОСКВА
Експертите сметаат дека во Русија повторно е забележана рекордна бројка на смртни случаи од последици предизвикани од коронавирусот, бидејќи земјата се соочува со нагло ширење на коронавирусот поради ниската стапка на вакцинација, известува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа, со 984 починати, во Русија е регистрирана највисоката бројка на смртни случаи на дневна основа во земјата од почетокот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид -19), со што вкупниот број на смртни случаи достигна 219.329.
Според изјавата на Рускиот центар за контрола и превенција на инфекција со коронавирусот, во последните 24 часа регистрирани се 28.717 новозаразени, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 на 7.861.681. Досега во Русија оздравеа 6.916.086 лица, од кои 21.801 во последното деноноќие.
Во исто време, и бројката на новозаразени претставува рекордна бројка на заразени на дневно ниво.
И покрај растот на бројката на заразени и смртни случаи, власта ја исклучи можноста за затворање на ниво на земјата, а регионалните власти имаат можност да воведат строги ограничувања во своите подрачја.