Mustafa Deveci
13 Октомври 2021•Ажурирај: 14 Октомври 2021
КУДС
Ефраим Халеви, поранешниот шеф на израелската разузнавачка служба Мосад, изјави дека поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху направил голема грешка обидувајќи се да го растури Договорот за нуклеарната програма со Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во интервју за израелскиот весник „Хаарец“ (Haaretz), Халеви дава проценка за иранските нуклеарни активности.
Осврнувајќи се на повлекувањето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп од Договорот за нуклеарната програма со Иран во 2018 година, Хелеви истакна: „Секогаш мислев дека е голема грешка да се врши притисок врз поранешниот американски премиер Доналд Трамп да го напушти договорот.“
Наведувајќи дека ситуацијата наспроти Иран во име на САД станала многу полоша по повлекувањето на Трамп од договорот, Хелеви оцени дека со повлекувањето на Вашингтон од договорот, Иран уште повеќе се приближил до нуклеарното оружје.
Хелеви во интервјуто истакнува дека Нетанјаху направил голема грешка јавно објавувајќи ги операциите на Мосад против администрацијата на Техеран со цел да ги засрами Иранците, додавајќи дека таквата иницијатива неповолно се одразила и дала негативни резултати.
Договорот за нуклеарната програма беше потпишан меѓу Иран и земјите П5+1 (САД, Русија, Франција, Велика Британија, Кина и Германија) во 2015 година, но поранешниот американски претседател Трамп се повлече од овој договор во 2018 година.