Zylfije Adem Jakupi
11 Септември 2021•Ажурирај: 13 Септември 2021
ПРИШТИНА
Од последиците на заразеност со коронавирусот на Косово во последните 24 часа починаа 14 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период тестирани се 9.634 примероци сомнителни на Ковид-19, од кои 583 биле позитивни.
Според најновите податоци на Министерството за здравство на Косово, во последното деноноќие оздравеа 1.944 лица, зголемувајќи го вкупниот број оздравени на 135.258. Вкупниот број активни случаи во земјата изнесува 18.548.
На Косово од почетокот на пандемијата во март 2020 година досега, коронавирусот е детектиран кај 156.578 лица, од спроведеното тестирање на вкупно 1.102.242 примероци сомнителни на вирусот. Од последиците на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 2.772 заразени.
Во последните 24 часа дадени се 19.807 дози вакцини против Ковид-19. Од почетокот на вакцинацијата во Косово досега, дадени се 1.015.733 дози вакцини. Втората доза од вакцината ја примија вкупно 355.633 лица.