Bojan Bednar
11 Септември 2021•Ажурирај: 14 Септември 2021
БЕЛГРАД
Во изминатите 24 часа во Србија од последиците на заразеност со новиот тип коронавирус (Ковид-19) животот го загубија уште 27 лица, додека во истиот период вирусот е детектиран кај 5.461 лице, од тестирани 19.843 примероци сомнителни на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведува интернет-страницата „covid19.rs“, хоспитализирани се 2.711 лица, а на респиратор се 132 лица.
Вкупната бројка на лица починати од последиците на заразата со коронавирусот се зголеми на 7.520, а процентот на смртност изнесува 0.93%.
Од почетокот на епидемијата, во Србија се тестирани 5.225.186 примероци сомнителни на вирусот, од кои 811.909 биле позитивни.