Ali Cura
25 Февруари 2022•Ажурирај: 25 Февруари 2022
КИЕВ (АА) ‒ Помошник-министерката за одбрана на Украина, Ана Маљар, изјави дека руски војници заплениле возила на Украинската армија и дека се движат кон Киев, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Маљар на една од социјалните мрежи соопшти дека руските единици заплениле две возила на Вооружените сили на Украина и дека војниците облечени во украински униформи се движат од населбата Оболон кон центарот на Киев.
„По нив се движи конвој на руски воени камиони. Тие сигурно ќе бидат неутрализирани“, напиша Маљар.
Во соопштението на Генералштабот на Украинската армија се наведува дека таа го чува небото над Киев и дека системите за противвоздушна одбрана спречиле ракетни напади.
Експлозиите одекнаа утрово во Киев и Лавов.