Ayşe Doğru
25 Февруари 2022•Ажурирај: 25 Февруари 2022
КИЕВ (АА) ‒ Украинскиот претседател, Владимир Зеленски, изјави дека на Украина ѝ е потребна ефикасна меѓународна помош, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски во својата објава на социјалната мрежа Твитер, нагласувајќи дека ја бранат слободата и територијалниот интегритет на Украина, наведе „Ни треба ефикасна меѓународна помош.“
Истакна дека за ова прашање разговарал со претседателот на Полска, Анджеј Дуда: „Поднесовме барање до Букурешката деветка за одбранбена помош, притисок и санкции против агресорот. Заедно мораме да ја ставиме Русија на преговарачка маса. Ни треба антивоена коалиција.“
Букурешката деветка (Б9), која претставува источно крило на НАТО, во која спаѓаат Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Романија и Словачка, е основана на 4 ноември 2015 година во Букурешт, главниот град на Романија.