Dildar Baykan
17 Февруари 2020•Ажурирај: 18 Февруари 2020
ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за напорите на Турција за спречување на хуманитарната катастрофа во сириската покраина Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-портпаролот на Белата куќа, Џуд Дир, објави соопштение во врска со телефонскиот разговор меѓу Ердоган и Трамп во саботата.
„Претседателот Трамп ја изрази својата загриженост во однос на насилствата во покраината Идлиб во Сирија и му се заблагодари на Ердоган за напорите на Турција за да се спречи хуманитарната катастрофа“, се нагласува во соопштението.
Трамп во телефонскиот разговор исто така ги истакнал своите желби Русија да прекине со поддршката што ја дава на режимот на Асад и граѓанската војна во Сирија да заврши со политичко решение на кризата.
Како што се вели во соопштението, Трамп повторил и дека интервенцијата на странските сили во Либија ќе ја влоши ситуацијата.