Dildar Baykan
28 Октомври 2017•Ажурирај: 30 Октомври 2017
ЈАНГОН (АА) - Четири лица меѓу кои и двајца новинари соработници на „TRT World“, се приведени во Мјанмар поради тврдење дека со дрон снимaле во близина на зградата на парламентот, јавува Anadolu Agency (AA).
Сен Аунг, надлежен од мјанмаркската полиција, за АА истакна дека приведени се двајца новинари-соработници на „TRT World“, Лау Хон Менг од Сингапур и Мок Чој Лин од Малезија, како и Аунг Наинг Сое, локален новинар, и еден шофер државјанин на Мјанмар.
Сан Аунг нагласи дека овие лица биле приведени кратко време откако со дрон снимале во близина на зградата на парламентот во мјанмарскиот главен град, Непидо.
„Овие лица се обвинуваат во рамките на законот за увоз и извоз кој содржи одредби во врска со нелегално донесување дрон од странсво во Мјанмар“ , рече Аунг.
Според соопштеното, извршена е полициска рација во куќата на новинарот Аунг Наинг Сое при што биле запленети неговиот компјутер и една пренослива меморија.