Gökhan Kurtaran
03 Септември 2017•Ажурирај: 04 Септември 2017
ЛОНДОН (АА) - Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, упати апел за ставање крај на насилствата извршени од страна на Мјанмар врз муслиманите во Аракан, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на британското Министерство за надворешни работи, Џонсон истакнува дека иако министерката за надворешни работи на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи, се смета за една од најинспиративните имиња на денешницата, практиките применети во Аракан го оцрнуваат угледот на земјата.
Џонсон вели дека Су Чи се соочува со големи предизвици на патот кон модернизација на земјата.
„Се надевам дека таа ќе ги искористи извонредните квалитети за обединување на својата земја, за ставање крај на насилствата и на сите предрасуди против муслиманите и другите заедници кои живеат во регионот на Аракан. Мошне значајно е да не се спречуваат нејзините иницијативи за создавање на мирна средина и за добивање поддршка од војската на Мјанмар. Ѝ даваме целосна поддршка на неа и на сите во Мјанмар“, додаде британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон.