Aslı Aral
25 Септември 2016•Ажурирај: 26 Септември 2016
ЛОНДОН (АА) - Министерсот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, ја критикуваше Русија дека граѓанската војна во Сирија ја донела во уште пострашна ситуација, јавува Anadolu Agency (AA).
„Путин не само што го снабдува режимот на Асад со оружје, туку и го употребува“.
Во гостувањето на Џонсон во шоуто на Ендрју Мар што се емитува на Би би си, рече дека се соочуваат со трагична ситуација во Алепо и дека градот се бомбардира на варварски начин.
На прашањето во врска со нападот врз хуманитарниот конвој на ОН којшто пренесуваше помош во Алепо, Џонсон одговори: „Путин не само што му дава оружје на Асад, туку и самиот тој го употребува. Во Алепо се соочуваме со трагична ситуација. На варварски начин се бомбардира Алепо. Може да кажеме дека од 2013 година наваму Западот немаше некоја воена реакција. Ги зачестуваме санкциите кон Русија. Русија е одговорна за тоа што оваа војна ја донесе во уште пострашна ситуација. Треба да се истражува нападот врз хуманитарниот конвој на ОН, во врска со тоа дали беше намерен или не. Ова е воено злосторство“.
Во врска со прашањето кога Велика Британија ќе го стави на сила членот 50 од Лисабонскиот договор за започнување на официјалниот излез од ЕУ Џонсон рече: „Нема да стапи во сила пред крајот на оваа година. Но како што рече премиерката Тереза Меј, овој процес не треба да се одолговлекува“.
Во средината на следната година се очекува британската Влада да го стави на сила членот 50 од Лисабонскиот договор.