Haydar Hadi
25 Септември 2016•Ажурирај: 26 Септември 2016
БАГДАД (АА) - Најмалку осум лица загинаа, а 20 се повредени во терористичкиот напад што се случи денеска во главниот ирачки град Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван претставник за безбедност на Ирак, соопшти дека бомбашот-самоубиец го активирал експлозивот на себе откако влегол во толпа луѓе на улица во багдадскиот кварт Искан.
Според првичните информации од теренот, во експлозијата загинале најмалку осум, а повредени се 20 лица.
Ирачките безбедносни сили од синоќа спроведуваат интензивни безбедносни мерки во подрачјето на Багдад, а на улиците се поставени бројни контролни пунктови.
Багдад веќе неколку месеци е место на терористички напади, кои обично ги извршуваат терористите на ДАЕШ.