Ekipa
07 Септември 2017•Ажурирај: 07 Септември 2017
КОКС БАЗАР (АА) - Емине Ердоган, сопругата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, заедно со турската делегација пристигна во Бангладеш, јавува Anadolu Agency (AA).
Емине Ердоган пристигна во Бангладеш во придружба на синот Билал Ердоган, министерката за семејство и социјална политика, Фатма Бетул Сајан Каја, заменик-претседателот за човекови права на АК Партија и пратеник во турскиот Парламент, Равза Кавакџи Кан.
Во делегацијата се и претседателот на ТИКА, Сердар Чам, претседателот на Дирекцијата за управување со кризи и вонредни состојби (АФАД), Мехмет Ѓулуоглу, генералниот директор на турската Црвена полумесечина, Ибрахим Алтан, од Фондацијата за образование и млади во Турција (ТУРГЕВ) Арзу Акалин и претседателката на Здружението „Жените и демократијата“, Саре Ајдин.
Емине Ердоган и турската делегација ќе го посетат кампот Куту Палонг во Бангладеш, во којшто се сместени бегалците од Аракан, лично, од жртвите на нападите ќе се информираат за случувања во Аракан и ќе поделат хуманитарна помош.
- И Чавушоглу пристигна во Бангладеш -
И министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу пристигна во Бангладеш, со цел да види во какви животни услови престојуваат Рохинџа муслиманите од Аракан во камповите во коишто се сместени, кои поради операциите од страна на мјанмарската војска и будистичките националисти во северниот дел на Мјанмар, пребегнаа во соседен Бангладеш.
Чавушоглу во рамките на посетата ќе се состане со официјални лица на Бангладеш и со претставници на меѓународните хуманитарни организации.
Ќе бидат посетени бегалските кампови во близина на градот Кокс Базар, на границата со Мјанмар.